Американката Серена Вилијамс ќе игра во полуфиналето на УС опен, откако ноќеска ја победи Кинеската Ванг Кианг во второто четвртфинале со 2:0.
Вилијамс на ривалката и препушти само еден гем во првиот сет и експресно за само 44 минути извојува победа.
Во полуфиналето Вилијамс ќе се соочи со Украинката Елина Свитолина.
Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Њујорк изнесува 57,2 милиони долари.