Серена Вилијамс: Сега играм сама

49
EPA/ERIK S. LESSER

Американската тенисерка Серена Вилијамс напиша шеговит коментар по нејзиниот прв меч на Грен слемот Австралија опен.

Поранешниот прв светски рекет ноќеска во два сета ја победи Татјана Марија од Германија.

– Сега играм сама! – напиша Вилијамс на Твитер.

Пред две години Серена победи на турнирот додека беше бремена. Веднаш по победата, таа зема одмор во својата кариера, поради што го пропушти Австралија опен  2018.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...