Серена Вилијамс доби понуда да стане борачка

73
EPA/ERIK S. LESSER
Aмериканската тенисерка Серена Вилијамс доби понуда од Американската боречка федерација да го популаризира овој спорт.

Трофејната тенисерка која има освоено рекордни 23 Гренд слем и вкупно 72 титули на ВТА турнирите, има 37 години и полека ја завршува кариерата во професионалниот тенис.

Познатата борачка и функционерка во федерацијата Стефани Мекмахон потврди дека  организацијата сака Серена да влезе во овој спорт.

– Таа е брилијантна, самата нејзина појава создава вистинско шоу и треба да и се даде шанса – изјави Мекмахон.

Неодамна, во американското борење влезе и поранешната шампионка од УФЦ, Ронда Рози, која придонесе за дополнителна популаризација на спортот.

Eдинствениот проблем во остварувањето на оваа идеја може да биде желбата на Серена своето време целосно да го посвети на семејство. Таа пред две години роди ќерка, a сега сака да роди уште едно дете.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...