Серена Вилијамс доби „вајлд карта“ за Роџерс купот

- Го објавивме списокот со учесниците минатата недела, но ни недостигаше Серена, за да бидеме целосно среќни и да го направиме турнирот на нашите соништа - рече директор на турнирот, Јуџин Лапиер.

77
EPA/ERIK S. LESSER

Серена Вилијамс доби вајлд карта за „Роџерс купот“ во Монтреал следниот месец, објавија организаторите. Трикратната победничка, која во септември стана и мајка, пред само десетина дена загуби во финалето на „Вимблдон“ против Анжелик Кербер.
– Го објавивме списокот со учесниците минатата недела, но ни недостигаше Серена, за да бидеме целосно среќни и да го направиме турнирот на нашите соништа. Таа ги импресионираше сите со брзото враќање на највисоко ниво. Секогаш била борец и го докажа тоа повторно, рече директор на турнирот, Јуџин Лапиер.

Вилијамс се врати со настапот на Индијан Велс во март, каде што беше елеминирана во третиот круг. Таа во моментов е 27-ма на ВТА листата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...