Сергеј Трифуновиќ повторно предизвика сообраќајна несреќа, се забил во друго возило

Ова не е првпат Трифуновиќ да предизвика сообраќајка. Aктерот пред 20-тина дена удри со „рено меган“ во градски автобус во Белград.

690

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ пред неколку дена предизвикал сообраќајна несреќа на автопатот Белград – Нови Сад, пренесуваат српските медиуми, кога со своето возило „ауди Q2“, движејќи се во насока кон Нови Сад, удрил во друго возило со марка „фиат“, кое се движело пред него.

Брзо по несреќата, на местото на сообраќајката пристигнало и возило на итна помош. Возачот на „фиатот“ бил пренесен во земунската болница на дијагностика и понатамошно лекување.

Инаку, ова не е првпат Трифуновиќ да предизвика сообраќајка. Aктерот пред 20-тина дена со возило „рено меган“ се заби во градски автобус во Белград, на булеварот „Михаил Пупин“, во близина на бензиска пумпа. Веднаш потоа исчезна од местото на несреќата „за да им отвори врата на мајсторите“, а потоа се врати за да разговара со полицијата.

Во јуни 2019 година, Трифуновиќ доживеа уште една незгода откако излета од патот во село кај Крагуевац, во Србија, откако претходно изгубил контрола. За среќа и тогаш и сега, актерот не се здобил со потешки повреди.

FOTO: Screenshot

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...