Познатиот српски актер Сергеј Трифуновиќ наводно предизвикал сообраќајна несреќа во петокот вечерта на патот меѓу Младеновац и Топола, во која девојката која му била совозач е повредена.
Според пишувањата на „Србија денес“, Трифуновиќ ја изгубил контролата врз возилото и слетал од патот. Во таа прилика девојката (20), која била со него, се здобила со повреди. Таа е итно згрижена во Домот за здравство во Младеновац.
Трифуновиќ по сообраќајната несреќа дал изјава во полицијата, но не бил задржан во притвор.