Септичка јама вознемири сопственици на викендички крај Тиквешко Езеро

1017
Фото: Плусинфо

Септичка јама вознемири сопственици на викендички крај Тиквешко Езеро. Информацијата за МИА ја потврди Сашко Данов, претседател на еколошкото друштво „Тисовец”, од блиското кавадаречко село Возарци.

– Револтираните сметаат дека еден од соседите ја изградил јамата многу ниско и близу до езерото. Стравуваат дека кога ќе се наполни езерото кое е вештачка акумулација и ја потопи јамата, ќе има загадување од фекалии. Наоколу има многу викендички и тука се капат многу луѓе. Најмногу се стравува за децата- рече Данов.

Јованче Колев, инспектор за животна средина и комунални работи при општина Кавадарци, нагласи дека ќе се изврши увид на лице место, за да се согледа вистинската состојба на терен и да се направи записник. Доколку е потребно, вели, ќе се преземат и соодветни законски мерки.

На брегот на Тиквешко Езеро, втора по големина акумулација во државата, има околу три илјади викендички.

ФОТО: Плусинфо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...