Сепак, ќе има јавна дебата за предлогот за една изборна единица

Иако спикерот Џафери тврдеше дека за предложените измени во Изборниот законик не може да има јавна дебата, со оглед на тоа што се носат по скратена постапка, претседателот на собраниската Комисија за политички систем Александар Кирацовски закажа за утре попладне „отворена дебата“

907

Сепак, ќе има јавна расправа за предлогот на неколку помали парламентарни партии за измена на изборниот модел. Иако претседателот на парламентот Талат Џафери тврдеше дека за предложените измени во Изборниот законик не може да има јавна дебата, со оглед на тоа што се носат по скратена постапка, претседателот на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците Александар Кирацовски закажа за утре попладне „отворена дебата“ на оваа тема.
Комисијата за политички систем, во соработка со Иницијативата за една изборна единица, како што соопштија од Собранието, ќе одржи отворена дебата по предлог-измените и дополнувањата на Изборниот законик, кои се однесуваат на воведување една изборна единица за парламентарни избори, отворени листи за локални избори и еднаква родова застапеност на листите за пратеници и советници.

Инаку, изјаснувањето на пратениците по предложените измени на Изборниот законик е оевозможено со неколку илјади аманандмани, во најголем дел преддложени од ДУИ, а делумно и од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ, пак, најави поддршка за предложените измени, за кои на крајот стана јасно дека нема да може да бидат донесени во овој собраниски состав.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...