Сенат на САД: Саудискиот принц е одговорен за убиството на Кашоги

430
ФОТО: EPA-EFE /ALI HAIDER

Американскиот Сенат едногласно усвои резолуција во која саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман е наведен како одговорен за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Со резолуцијата се обвинува саудискиот принц за убиството на Кашоги и се повикува Владата на Саудиска Арабија да преземе одговорност за сите кои учествувале во тоа.

Исто така, се тврди дека Саудиска Арабија купува воена опрема и соработува со властите во Русија и Кина, нагласувајќи дека тоа може да го загрози интегритетот на воените односи меѓу САД и Саудиска Арабија.

Сенатот претходно со 56 гласови „за“ и 41 „против“ усвои резолуција со која се бара прекин на воената поддршка од САД за коалицијата предводена од Саудиска Арабија во војната во Јемен.

Резолуцијата не е обврзувачка додека не ја усвои Претставничкиот дом и додека не ја потпише претседателот Доналд Трамп.

Сепак ова е првпат во историјата Конгресот да гласа за прекин на воено учество на САД во војна во некоја странска земја.

ФОТО: EPA-EFE /ALI HAIDER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...