Сенатот ја потврди кандидатурата на Џон Саливан за амбасадор на САД во Русија

Кандидатурата на Суливан за амбасадор во Русија се случува во време кога демократите во Конгресот се подготвуваат да изгласаат импичмент на претседателот Трамп.

389

Американскиот Сенат ја потврди кандидатурата на заменикот државен секретар Џон Саливан за амбасадор на САД во Русија.

Номинацијата на Саливан, специјалист за санкции, ја потврди претседателот Доналд Трамп во октомври годинава.

Саливан во 2017 година стана заменик на државниот секретар одговорен за руско-американските односи во областа на борбата со тероризмот и стратешката безбедност. Тој играше клучна улога во протерувањето на руските дипломати од САД по труењето на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Велика Британија во март 2018 година.

Кандидатурата на Саливан за амбасадор во Русија се случува во време кога демократите во Конгресот се подготвуваат да изгласаат импичмент на претседателот Трамп.

Во тек на распитот за потврда на неговата номинација пред Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом во октомври, Саливан истакна дека бил во тек со кампањата на оцрнување на Мари Јованович, поранешна амбасадорка на САД во Украина, од страна на Руди Џулијани, личен адвокат на претседателот.

Претходниот американски амбасадор во Москва, Џон Хантсман, поднесе оставка на позицијата и во август годинава се врати во САД, за да се номинира за гувернер на сојузната држава Јута на изборите во 2020 година.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...