Сенатот на САД го блокираше Трамп да продолжи со продажба на оружје на Саудиска Арабија

158

Американскиот Сенат синоќа усвои две резолуции кои го блокираат планот на претседателот Доналд Трамп да ја доврши продажбата на оружје за Саудиска Арабија и другите земји.

Ваквиот исход од гласањето е редок случај на спротивставување на републиканците од Конгресот на Белата куќа.

За првата од 22 резолуции, кои се поврзани со неодамнешниот обид на Трамп да се заобиколи одлуката на Конгресот и да ја доврши продажбата на оружје на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и други земји, во вредност од осум милијарди долари, 53 гласаа „за“, а 45 „против“.

За втората резолуција, исто така, гласаа 53 сенатори, додека 45 беа против.

Лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, ги повика сенаторите да не гласаат за резолуцијата, укажувајќи на актуелните тензии со Иран. Тој додаде дека за Вашингтон е важно да остане близок со Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Неколку часа пред гласањето во Конгресот, Иран собори американско беспилотно летало што ги засили стравувањата од поширок воен конфликт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...