Сенатор од Пенсилванија уапсен поради педофилија

107

Сенаторот од Пенсилванија Мајкл Фолмер е уапсен поради обвинувања дека поседувал материјал со детска порнографија, соопшти канцеларијата на државниот обвинител на Пенсилванија.

Фолмер еден ден претходно поднесе оставка од сенаторската функција, откако беше објавено дека ќе биде обвинет за детска порнографија.

Иследници пронашле две фотографии со детска порнографија во мобилниот телефон на Фолмер откако добиле дојава од еден провајдер на социјални мрежи.

Сајтот „Тумблр“ во февруари испратил жалба до американскиот Национален центар за исчезнати и злоставувани деца во која навел дека еден корисник во декември 2017 снимил најмалку една фотографија со содржина за која се сомнева дека е детска порнографија.

Иследниците така дошле до профилот на Фолмер на „Тумблр“, како и до неговата домашна и имејл адреса.

– Мајкл Фолмер изјави дека имал некои лични проблеми и оти детската порнографија му била испратена преку неговиот блог на „Тумблр“ – напиша во судскиот регистар еден од службениците во канцеларијата на обвинителот на Пенсилванија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...