Семејни вработувања и во кабинетот на Иванов

1009

Партизацијата и злоупотребите на државните институции се симбoл на 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ кои донесоa пандемија на непотизам. Кабинетот на Ѓорге Иванов е уште една потврда дека во секоја државна институција која била раководена од кадри на ВМРО-ДПМНЕ има случаи на вработувања на роднини на функционери од оваа партија, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

– Анастасија Илиеска, членка на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и на ИК на Унијата на жени, поранешна државна советничка во Министерството за внатрешни работи и директорка на УЈП, вработена е како советник за безбедност во кабинетот на Иванов. Нејзината ќерка, Андреа Илиеска пак е вработена во Агенцијата за разузнавање. Оваа  институција, Агенцијата за разузнавање, е под директна надлежност на Ѓорѓе Иванов. Станува збор за многу блиски роднински врски, за овој актуелен случај во Кабинетот на Иванов  постојат основани сомневања за судир на интереси – рече Костадинов.

Тој додаде дека освен нејзината ќерка, во државна инситуција добил работа и братот на Илиеска, Александар Тошески, односно во Централен регистар во Прилеп.

– Го повикуваме Ѓорге Иванов да се изјасни за овој случај во неговиот Кабинет, да ги повика роднините на Илиевска да се повлечат од работните места, во името на борбата против непотизамот. Најавуваме дека ќе поднесеме претставки до Државната комисија за спречување на корупцијата за овој, но и се сите останати случаи на вработувања на роднини на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ – рече Костадинов.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...