Селфиманија, 17 милиони естетски операции изминатата година

Покрај предиспозициите да воочуваат недостатоци во својот физички изглед, пациентите со телесна дисморфија често се невработени и живеат во изолација.

94

Истражувачи предупредуваат дека популарните апликации како што се Снепчет и Фејстјун, кои на своите корисници им овозможуваат да го филтрираат својот изглед, може да доведе до опасен тренд кај помладите генерации кои преферираат свои филтрирани верзии наместо реалната слика за себе си, пренесува Ал Џезира.

Во есеј за медицинското списание „ЈАМА Фејшл Пластик срџери“, професори по дерматологија од Бостонскиот Унвиерзитет напишаа дека 55 отсто од естетските хирурзи примиле пациенти кои побарале оперативен зафат на лицето со цел да го подобрат својот изглед на селфи фотографиите. Според нив, тоа докажува дека социјалните медиуми и апликациите за уредување фотографии поставиле недостижни стандарди на убавина и го поттикнале феноменот наречен „Снепчет дисморфија“.

Весникот „Њујсвик“ истакнува дека претходните истражувања покажале дека пациентите често прибегнуваат кон естетски зафати за да го добијат изгледот на некои славни личности. Меѓутоа, поради ширењето на апликации за социјални медиуми кои им овозможуваат на корисниците да ги изменат своите фотографии за да изгледаат повитко или посиметрично, пациентите се обидуваат се повеќе да го имитираат својот изглед на Снепчет филтрите, кои прават носот да изгледа потенок, а усните и очите поголеми.

Истражувачите велат дека естетските операции за корекција за нос и лице денес се многу популарни и најмакотрпни, истакнувајќи дека естетските хирурзи извршиле 17,5 милиони операции во 2017 година, што е зголемување за два отсто во однос на претходната година, при што предначат операциите за зголемување гради, липосукција и корекција на носот.

Американското здружение на пластични хирурзи соопшти дека бројката на такви операции се зголемил за речиси 200 отсто од 2000-та година.

Телесна дисморфија

„Њусвик“ наведува дека според податоците на Здружението за анксиозност и депресија во Америка еден од секои 50 луѓе во САД страда од нарушување наречено телесна дисморфија. Покрај предиспозициите да воочуваат недостатоци во својот физички изглед, пациентите со телесна дисморфија често се невработени и живеат во изолација. Депресијата и опсесивно конпулсивното нарушување често го следат ова нарушување, што ја зголемува веројатноста за јавување мисли и обиди за самоубиство.

Рејчел Симонс, специјалист во областа Развој на лидерството ги нарече социјалните медиуми „отровно огледало“, кое ги наведува младите жени и мажи да се споредуваат со своите врсници и да се борат да бидат прифатени од другите така што го менуваат својот изглед, а потоа се обидуваат да ја постигнат истата слика во реалноста преку постојано самонабљудување на своите тела.

Истражувачите велат дека решението не е во операција, туку во терапија. Телесната дисморфија поттикната од социјалните медиуми може да се третира со психолошки интервенции и лекови за кревање на нивото на серотонин (еден од невротрансмитерите кој игра важна улога во регулирањето на човековото расположение, па уште се нарекува хормон на среќата).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...