Селма Хаек фотографирана без грам шминка, актерката ги загрижи фановите ФОТО

Актерката Селма Хаек со својата убавина и во шестата деценија од животот не престанува да го воодушеува светот. 

1087

Актерката Селма Хаек (53) со својата убавина и во шестата деценија од животот не престанува да го воодушеува светот.

Совршена со шминка, а без?

Селма Хаек неодамна била забележана на аеродром во Мајами како се враќа од одмор во друштво на нејзината ќерка Валентина која ја има со сопругот Франсо Анри Пино.

На другата фотографија славната актерка е уловена со загрижувачки израз на лицето додека пуши цигара на тераса. Обожавателите на актерката се загрижија поради нејзиното вакво издание и веднаш почнаа да шпекулираат дека нешто се случува и дека таа изгледа изморено и загрижено.

Ниту во ова издание ништо не ѝ недостасува на Селма, но дека е поразлична со шминка и без шминка – нема дилема.

Па, кога нареден пат ќе помислите дека не сте убави како холивудските ѕвезди тогаш повторно погледнете ги овие фотографии.

Убавината секогаш има две лица, а секако дека секоја жена е најубава на свој начин токму таква каква што е.

FOTO: Printskrin/Instagram/Profimedia

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...