Со еден ден задоцнување поради лошото време во петокот попладне почна снимањето на акционата трилер-комедија „The Hitman’s Bodyguard 2“, односно „The Hitman’s Wife’s Bodyguard“, во режија на Патрик Хаџес во Ровињ, Хрватска.
Додека, пак, главните ѕвезди на тој филм Селма Хаек, Самјуел Л. Џексон и Рајан Рејнолдс пристигнале во Ровињ во саботата попладне.
Во филмот глумат и Морган Фримен, Антонио Бандерас, Том Хупер…
„Пристигнавме на новата магична локација“, напишала Селма покрај фотографијата на која на ровињаските улици позира во прегратка на Самјуел Л. Џексон.
И останатите актери не го криеле воодушевувањето од убавините на Ровињ, односно Хрватска.