Селма Хаек облече деколтиран фустан, сите ја нападнаа: Вулгарна си! ФОТО

Прекрасната Сaлма на доделувањето на наградите се појавила во сино-бел фустан на „Гучи“.

4162

Актерката Селма Хаек на доделувањето на Златниот глобус облекла фустан кој ги подели нејзините обожавателите, но и модните критичари.

Прекрасната Селма на доделувањето на наградите се појавила во сино-бел фустан на „Гучи“. Фустанот се состои од два дела. Горниот – син и со тантела, кој ги потенцирал бујните гради на актерката, а долниот – бел дел со изрез над коленото.

Овој фустан дефинитивно ги подели мислењата кога станува збор за изгледот на познатата актерка. И додека некои коментираат дека Селма никогаш не изгледала посексапилно, има некои што мислат дека актерката изгледа како да облекла костим за капење, како и дека претерала со деколтето кое изгледа дека ќе пукне.

Иако фустанот носи потпис на брендот „Гучи“, кој меѓу останатите луксузни брендови е во сопственост на нејзиниот сопруг Франсоа Анри Пино, актерката наиде на остри критики овој пат.

„Ги поседува најдобрите луксузни марки на светот, а нови толку лош фустан“, „Убава жена, но вулгарен фустан“, коментирале некои на социјалните мрежи.

Ги имало и некои кои ја поддржале актерката и ѝ упатиле комплименти:

„Мајка природа ѝ подарила гради. Што да прави со нив? Да ги крие за вие да се чувствувате подобро? Изгледа фантастично“, бил дел од позитивните коментари.

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...