Селма Хаек и Семјуел Л. Џексон во потрага по ајвар на пазарот во Ровињ

Откако ги снимиле сцените, славните актери се упатиле кон пазарот каде ја разгледувале актуелната понуда.

2259

Холивудските ѕвезди Самјуел Л. Џексон (70), Селма Хаек (52) и Рајан Рејнолдс (42) изминатите денови го снимаат филмот „The Hitman’s Wife’s Bodyguard“ во Ровињ, Хрватска, каде што ќе се задржат до крајот на април, пишува „24сата.хр“.

Откако ги снимиле сцените, славните актери се упатиле кон пазарот каде ја разгледувале актуелната понуда. Најголемо внимание им привлекле штандовите со мед, ајвар, маслиново масло и други домашни производи.

Селма се пофалила со фотографија од Ровињ на социјалната мрежа, каде ја следат речиси 10 милиони луѓе, па не чуди бројот на половина милион „лајкови“ за фотографијата. Покрај фотографијата има многубројни коментатори од Хрватска.

И актерите Самјуел Л. Џексон и Рајан Рејнолдс изминатите денови го промовирале Ровињ и објавиле дека се воодушевени од убавините на градот. Во паузите на снимањето, Џексон се опушта со цигарите.

ФОТО: Matija Habljak/PIXSELL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...