Ова што се случува е срамно. Некој сака да го спречи гласот на албанската опозиција во Собранието, процедурално реагираше пратеникот и лидер на Алијанса за Албанците Зијадин Села на седницата за пратенички прашања.
Тој се побуни зошто на седницата за пратенички прашања како пратеник и претседател на партија е дури 17 на ред за да постави прашање.
– Албанците кои не се застапени во Влада имаат право да постават прашање. Села е 17 на ред да постави прашање. Ова е потврда дека Парламентот се контролира од политичките субјекти на власт. Ова е ден кога министрите треба да се соочат со пратениците и да дадат отчет пред јавноста. Дали со ова сакате да го сокрите театарот од пред два дена за одземањето на имунитетот на Трајко Вељановски? Дали немате одговор зошто по втор пат ги одземате надлежностите во образованието во Гостивар? Села и Алијанса за Албанците е значаен субјект само кога треба да се расправа за Уставните измени и кога ви требаат игри за заеднички кандидати за претесдател, а пратенички прашања не ни дозволувате. Ова е последен пат да реагирам процедуралоно, ќе кренеме врева ако пратеник од албанската опозиција не е четврти на ред за поставување на пратенички прашања – реагираше Села.
Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски го негираше тврдењето на Села и рече дека честопати го менува претседателот на Собранието и е сведок дека сопартиецот на Села Сурија Рашиди на претходните седници имал шанса да поставува пратенички парања.