Села: Ќе ја разгледаме понудата на Заев

390

Пред денешната средба на премиерот и претседател на СДСМ Зоран Засев со лидерот на Алијансата за Албанците за поддршка за консензуален кандидат за претседател, Зијадин Села во синоќешното гостување на вториот канал на МРТВ рече дека неговата партија ќе ја разгледа понудата за консензуален претседател и ќе донесе одлука дали се прифаќа.

Според Села,останува да се види дали и кој од понудените профили на консензуални кандидати ќе ги застапуваат правата на целото население.

Тој смета дека е важно да се има вистински и општоприфатен кандидат за консензуален претседател на Македонија, потсетувајќи дека во минатото ДУИ му овозможиле на Ѓорѓе Иванов да стане шеф на државата а потоа тој ги занемарил интересите на Албанците.

– Ги имам истите стравови и ставови дека се случува истиот феномен како во времето на коалицијата ВМРО-ДУИ, за жал сега се случува и со овој нов режим. ВМРО-ДПМНЕ имаше централна и локална власт, претседателот, судот, а истото се случува сега со овој СДСМ-ДУИ режим, на кои само претседателот м недостасува и целата оваа акумулација на власт нема да биде за доброто на народот – рече Села.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...