Села: Средбата беше во духот на договор и компромис

737

Средбата беше во духот на договор и компромис, изјави лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села по средбата со премиерот Зоран Заев. Тој индиректно навести дека Алијансата ќе гласа за уставните измени.

– Разговаравме за барањата кои Алијансата за Албанците ги има. Со задоволство можам да тврдам дека исходот во наредните денови и гласањето во Собранието ќе биде дека ќе немаме две категории граѓани како што беше до сега, и дека ќе има само граѓани. Како партија придонесовме сите граѓани да се чувствуваат рамноправни. Стоиме на нашето барање дека Македонија треба да биде членка на НАТО и на ЕУ – изјави Села.

Тој додаде дека има и работи за кои се согласуваат со премиерот, но дека треба да се најде начин како да се изведат. Села повтори дека Алијансата нема да отстапи од барањето за албанскиот јазик да биде дефиниран како албански јазик, а не како 20 отсто, но додаде дека за ова се уште не е постигнат договор.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...