Села: Против сме славизација на името, Илинденска Македонија е силен удар врз секуларноста

1470

Интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО е безкомпромисна стратегиска и политичка определба на Алијансата за Албанците, е заклучокот на АА од Централното претседателство на кое е заземен став и за најновиот предлог за името Република Илинденска Македонија.

– Алијансата за Албанците е против тенденцијата за славизација на новото имие на државата. Во врска со информацијата пренесена во јавноста  за новиот предлог на името на државата, Алијансата за Албанците смета дека ова именување е силен удар врз секуларниот карактер на државата како една од основните темели на либералната демократија – соопшти Алијансата.

Од партијата го потсетуваат премиерот дека „Албанците во овој важен политички процес не можат да бидат претставувани од некој кој е  повеќе пати е делегитимиран од гласачите – Албанци во повеќе изборни циклуси”, стои во одлуката на Алијансата за Албанците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...