Села одбива заеднички листи со СДСМ: Нема да коалицирам со луѓе кои ми забија нож во грб!

3697

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „360 Степени“ е песимист дека во Парламентот може да се постигне договор за уставни измени.

Во меѓувреме, тој го отфрли предлогот за заеднички листи со СДСМ.

-Не можете да барате од нас да влеземе во коалиција со луѓе кои ни забија нож во грбот и тоа пред само 5-6 месеци. Сега барате јас да одам во предизборна коалиција со Зоран Заев. Ве молам. Ова не е лично прашање – рече Зијадин Села, претседател на Алијансата за Албанците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...