Села нема да биде дел од власта без избори

1103

Алијансата за Албанците ги поддржува напорите и го охрабрува меѓународниот фактор и македонската Влада да го решат проблемот со името, но потсетува дека било кој предлог за името треба да биде меѓународно преведен и никако не треба да асоцира еднострано, само на јазикот и писмото на една одредена етничка заедница во земјата.

Ова е едсен од заклучоците на првото Централно собрание на Алијансата кое вчера се оддржа во Кичево, по партискиот конгрес.

– На овој начин решавањето на овој повеќегодишен проблем ќе ја одрази мултиетничката реалност на земјата и ќе има важна улога во градењето на мирот, стабилноста и долгорочната толеранција во земјата – велат од партијата на Зијадин Села.

Алијансата информира дека на ниту еден начин нема да биде дел од некоја нова владина гарнитура, на која нема да и претходи парламентарен изборен процес.

– Оваа едногласна одлука на Алијансата се заснова на индикациите дека оваа владејачка гарнитура не е доволно убедлива во својата заложба за радикални реформи во земјата, а особено нејзината индиферентност околу спроведувањето и примената на принципите и функционирањето на владеењето на правото – велат од партијата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...