Чинители на бившиот режим го блокираат носењето на законот за СЈО -ДУИ и ВМРО ДПМНЕ, смета лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села.
Сепак, тој додава и оти СЈО не ги исполнило очекувањта на граѓаните.
На прес-конференцијата во Собранието, откако тој имаше средба со премиерот Зоран Заев и министерката за правда, Рената Дескоска, тој изјави дека смета оти „бомбите“ треба да важат како доказ и понатаму, а на средбата побарал и да се формира специјален суд кој ќе постапува по предметите на СЈО.
– Овие тела да не служат како одбранбени тела кои ќе ги заштитуваат функционерите од било која партија. Да се направат промени во законот за СЈО. Да нема рокови за вршење на должноста и да се формира специјално судство кое ќе се занимава со овие предмети на СЈО. Еден од предлозите би бил, со закон да се санкционира секој бивш или сегашен граѓанин на РМ кој ќе биде именуван од Владата во било која фунцкија, да нема право да биде член на Совет на обвинители, Совет на судови – рече Села.