Села: На Македонија ѝ требаат предвремени парламентарни избори, а не реконструкција

486

На Македонија ѝ требаат предвремени парламентарни избори. Само преку еден изборен процес може да се променат работите и да се движат кон правата насока. Сите аргументи дека не е време бидејќи нели очекуваме датум за Европска унија итн., се аргументи кои имаат за цел да го држат статус-квото во ова општество. Ако имаме предвид дека едно од најважните прашања за Европската унија се реформите во правниот систем, СЈО итн., тогаш веќе да заклучиме дека причината зошто можеби нема да добиеме датум е фактот што ДУИ е внатре во коалиција со СДСМ и тоа е факторот кој оневозможува да се случуваат вистински реформи од правниот аспект тука во Република Северна Македонија, изјави Зијадин Села, лидер на Алијанса за Албанците во интервју за Радио Слободна Европа.

Тој додаде:

– И имајќи предвид дека изборите конечно ќе ја вратат демократијата во албанското општество и ДУИ ќе си замине во опозиција, мислам дека предвремените парламентарни избори ќе го забрзаат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ.

А во врска со тоа дали доколку се случи владина реконструкција, гледа можност Алијансата повторно да влезе во Влада, Села изјавил:

– Ние сме конзистентни како политичка партија и кога донесуваме одлука, нашите одлуки се добро размислени. Ако не беше Алијансата за Албанците, тој фактор кој ќе ги сменеше политичките работи во 2017 година, денеска немаше да имаме ниту НАТО, ниту датум за преговори. А што добивме, како ни вратија? Тотално некоректен однос од страна на премиерот по локалните избори 2017. Дали сега ние повторно би се впуштиле во таква авантура? Не. Алијансата за Албанците ќе биде дел од власта кога ќе победи на парламентарните избори. Сега не гледаме причина да се вратиме и да бидеме дел од таа власт. Би се вратиле само преку изборен процес и преку добивање на легитимитет- изјавил Села.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...