На 27 април имаше обид за мое убиство и мене ме убија, но јас се спасив. Денес втор пат ме убија, рече претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, за Предлог законот за амнестија.
Според Села срамно е што злосторниците ќе бидат ослободени, а оној што го спасувал во Собранието е во затвор.
Пратеникот вели дека патот кон ЕУ и НАТО, „не води преку ослободување на оние кои ги отворија вратите за да влезат злосторниците“.
Тројца гласаа против потребата да се донесе законот за амнестија, Зијадин Села, Сурија Рашиди и Горан Милевски од ЛДП.