Села бара оставка од Заев и предвремени парламентарни избори

573

Оставка на премиерот Зоран Заев и на владата и распишување на предвремени избори, побара лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, бидејќи како што вели, премиерот и владата треба да понесат одговорност за неуспехот земјава да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

– И ние како и граѓаните длабоко сме разочарани не од ЕУ туку од  внатрешните случувања и немањето капацитет на власта да направи реформи. Дојдоа на власт само со ветувањето дека преку правда ќе се гради мир. Ниту правда градевме, ниту мир. Проблемот е што наместо да се соочи со корупцијата и криминалот владата стана дел од корупцијата. Владата наместо да ја избере правдата, прогресот, иднината како земја членка на ЕУ, одбра криминал. Владата треба да плати цена за неуспехот. Цената е преку оставка и распишување на предвремени парламентарни избор – рече Села.

Тој потврди дека добил покана од претседателот на државата Стево Пендаровски и дека ќе учествува на лидерската средба во недела.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...