Секта или умоболно изживување – сатанистички симболи и искасапено маче среде текст кој го слави сатаната

6023

Секта или умоболно изживување – сатанистички симболи и искасапено маче среде текст кој го слави сатаната на улица во Драчево, пишува здружението за заштита на животните „Анима мунди” на Фејсбук.

-Фотографијата била направена утрово во Драчево, на неа се гледа како телото на мачето е буквално пресечено на пола – поставено на улица среде сатанистички симболи и латински текст „слава му на сатаната (аd majorem sathanas gloriam ) “ и „врати на пеколот, отворете се (zazas, zazas, nasatanada zazas) “. Ваква морбидност до сега немаме сретнато и неопходна е итна полициска истрага за да се фати сторителот. Не знаеме дали станува збор за организиран сатанистички ритуал во Скопје или монструозна игра на некој психопат, но што и да е во прашање сторителот мора да се фати и мора да одговара кривично со најстрога затворска казна за изживување и убиство на животно-велат од здружението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...