Русинка загинала при пад од деветти кат на зграда, додека имала секс со својот партнер. Тој успеал да преживее.
Девојката, за која се претпоставува дека има околу 30 години, пронајдена е мртва на 5 јули. Пред да се случи трагедијата, според соседите, имало луда забава.
Сведоците кажале дека телевизор паднал на земја, а по него и парот излетал од прозорецот.
Девојката паднала директно на асфалтот и загинала на лице место, додека нејзиниот партнер преживеал бидејќи таа го ублажила неговиот пад.
Според очевидците, тој станал и повторно се вратил на забавата.
На лице место дошла полиција, а тогаш неколку лица кои биле на забавата, фрлиле крпа кон нив од прозорецот.
Полицијата верува дека парот имал секс на прозорецот, а според фотографии, девојката била гола од струкот па нагоре.
Утврдено е дека уште две машки лица биле во станот кога се случила несреќата, но и дека не биле вмешани. Полицијата почнала истрага за убиство.