Сексуално фрустриран убил десетмина во Торонто: Има и други момчиња како мене на интернет (ВИДЕО)

Обвинетиот, признал дека никогаш немал девојка и оти е невин, а потоа кажал дека со оваа случка сака да инспирира повеќе напади.

783

Се појави видео од лице кое тврди дека убило десетмина пешаци во Торонто, во полиција велејќи дека е дел од онлајн група за сексуално фрустрирани мажи, пренесува „Метро“.

Дваесет и шестгодишниот Алек Минасиан се соочува со казна за десет убиства во Канада и 16 обиди за убиство. Нападот се случил на 23 април минатата година.

Кога бил прашан за смртта на овие лица, тој одговорил:

– Чувствувам како да ја исполнив мојата мисија.

Минасиан рекол дека бил во контакт со убиец во Калифорнија, кој бил бесен на жени кои го одбиле. Тој е обвинет дека со изнајмено комбе влетал во група пешаци. Осум жени и двајца мажи на возраст од 22 до 94 години загинале.

Обвинетиот, признал дека никогаш немал девојка и оти е невин, а потоа кажал дека со оваа случка сака да инспирира повеќе напади.

– Знам уште неколку други момчиња на интернет кои се чувствуваат исто како и јас – рекол, додавајќи оти тие се „премногу исплашени да реагираат на нивниот бес“.

Минасиан се нарекува себеси „инцел“, чие движење се поврзува со смртни напади во Торонто но и во Калифорнија и Флорида. Ја промовира идејата дека мажите имаат право да имаат секс со жени. Со време, „инцел“ за одредени мажи одбиени од женскиот пол, станало нешто што им дава идеја за насилно возвраќање. Луѓе кои имаат сличен став на интернет форуми ги користат „Чад“ и „Стејси“ за мажи и жени кои се сексуално поактивни. Минасиан рече дека дискутирал за своите сексуални фрустрации на вебсајтот „4chan“, кој станал озлогласен како место за екстремисти да ги напишат своите гледања.

ФОТО: Метро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...