Сексуалното злоставување почна кога имав шест години

„Порано се убивав со алкохол и таблети“, напиша Џесика, која ја испила последна чаша жесток пијалак во ноември 2017 година. Оттогаш е трезна, тврди таа.

2994

Актерката и пејачка, но и модна дизајнерја Џесика Симпсон (39) ги откри потресните детали од својот живот воочи објавувањето на нејзината автобиографија „Отворена книга“. По првпат, таа проговорила за сексуална злоупотреба во детството, а се осврнала и на депресијата и проблемите со алкохолот и таблетите.

„Порано се убивав со алкохол и таблети“, напиша Џесика, која ја испила последна чаша жесток пијалак во ноември 2017 година. Оттогаш е трезна, тврди таа.

– Откажувањето од алкохолот беше лесно. Бев бесна на „него“ и како тоа шише ми овозможуваше да останам празан и бесчувствителна – објаснила Џесика, актерка која со години беше на врвот на листата на најсексапилните жени.

Најтешкиот дел, признава, била терапијата. Како што одминуваше времето, таа работела сè повеќе на себе. И токму тоа работење ѝ овозможило да ги оживее сите трауми што ги потиснала многу одамна.

– Злоставувањето започна кога имав шест години. Јас делев креветот со ќерката на семеен пријател. Сè започна со галење по мојот грб, а потоа ќе се случи нешто што беше многу срамно – откри Џесика, додавајќи дека мислела дека таа е виновна за злоставувањето што го трпела.
– Сакав да им кажам на родителите. Бев жртва, но се чувствував виновна – рекла Џесика.

Неколку години подовна, Џесика со родителите отишла на патувањe. Во еден момент мајка ѝ го удрила по рамото татко ѝ и му се развикала: „Ти реков дека нешто се случило.“

– Татко ми само продолжи да гледа во патот и ништо не рече. Никогаш повеќе не отидовме кај тие пријатели, односно кај таткото и мајката на мојата пријателка која ме напаствуваше. Исто така, никогаш повеќе со родителите не разговарав за тоа – признала Џесика Симпсом.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...