Сексот и помогнал на Шарлот Кирк да допре до улоги во филмови

556
ФОТО: МИА

Британската глумица Шарлот Кирк признава дека добила повеќе улоги „преку кревет“, но затоа што таа така сакала.

Џејмс Пакер, милијардер и поранешнo мoмчe на Мараја Кери, во една прилика ѝ испратил на Шарлот СМС порака со содржина: „Дојди веднаш во хотелот „Бел ер“. Имам животна прилика за тебе, нема да можеш никогаш да му се оддолжиш. Ќе те запознаам со најважниот човек кој некогаш би го сретнала“.

Шарлот тогаш имала 21 година, и веднаш дошла во хотелот каде се сретнала со Кевин Цуџихара, челникот на студиото „Ворнер брос”. Таму два часа била на „кауч кастингот”, пишува „Дејли мејл”.

Цуџихара сега е под истрага за тој скандал, и мораше јавно да им се извини на вработените, сопругата и на целата индустрија. Во текот на процесот објавени се и негови преписки.

Шарлот, пак, го брани својот пријател и вели дека неколкупати била со него, бидејќи така сакала. На тој начин на „соработка”, преку секс таа ги добила улогите во филмовите „Човек во сенка”, „Оушновите 8″ и други.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...