Секси Србинки одат на Евровизија: Британците веќе пишувале за секс-скандал за едната од нив! ВИДЕО

„Сан“ објавил дека Сања се обидела да го заведе британскиот претставник Џо Волфорд и дека се обидела да го наговори да оди во нејзината хотелска соба.

5365

Дваесет финалисти синоќа се натпреваруваа за победата на „Беовизија“. Победник на Беловизија и српски претставник во Ротердам е групата „Хјурикејн“.

Три дами кои на Евровизија ќе ја претставуваат Србија.

Песната со која ќе настапат во Ротердам се вика „Аста ла виста“, а згодните девојки добија најмногу поени од жирито, но и од публиката.

Групата во ноември 2017 година ја основале Сања Вучиќ, Ивана Николиќ и Ксенија Кнежевиќ од Србија, следејќи ја својата љубов кон ар-ен-би и поп звукот и планирајќи дека би можеле да остварат интернационална кариера.

После четири песни снимени на англиски јазик, лани ја снимиле песната „Favorito“ на српски јазик и за десетина дена собрале шст милиони прегледи. Песната го привлекла вниманието и поради жешките сцени во нивниот спот.

Меѓутоа, кои се овие три атрактивни девојки?

Сања Вучиќ веќе ја претставувала Србија на Евросонг 2016 година, а тогаш медиумите се распишале за скандалот кој, наводно, го предизвикала. Британскиот „Сан“ тогаш објавил дека Сања се обидела да го заведе британскиот претставник Џо Волфорд па се обидела да го наговори да оди во нејзината хотелска соба.

Ксенија Кнежевиќ е ќерка на познатиот српски пејач Ненад Кнежевиќ Кнез, а на „Беовизија“ се обидела во 2013 година кога имала 17 години. Настапила со пријателките Анѓела Вујовиќ и Дана Гашиќ, но не постигнале голем успех. Таа е четири години во врска, а името на својот избраник не го открива.

Третата членка на групата, Ивана Николиќ во центарот на медиското внимание завршила минатиот февруари, кога на социјалните мрежи објавила фотографија со Џони Деп, кој тогаш престојувал во Белград.

FOTO: YouTube/Screenshot/24sata/hr

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...