Секси пожарникари од календар ќе гасат оган во женски срца

296

Прв македонски календар со фотографии на пожарникари – спасители на Скопската противпожарна бригада ќе биде промовиран вечерва во 20 часот во скопскиот бар – ресторан „Колектив“.

Календарот содржи 13 колор фотографии на пожарникари – спасители од сите четири чети на противпожарната бригада, а фотографиите се снимени во самата бригада, при што се прикажани и   дел од возниот парк и личната заштитна опрема на пожарникарите. Организатор на проектот е пожарникарот Михаил Караколев, автор на календарот е фотографот Димитар Апостолов, а за кастингот се погрижи Ненад Келебиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...