Секретаријатот за европски прашања на Бујар Османи ја утна „Северна“ на англиски, па се поправи

1476

Примената на новото уставно име Република Северна Македонија започна со поставување на нови табли на граничкнот премин „Богородица“, а помеѓу првите чекори кои ги направија институциите беше и ажурирање на интернет страниците.

Меѓутоа, од Секретаријатот за европски прашања на чие чело е вицепремиерот Бујар Османи го згрешија новото име. Имено, на англиската верзија на сајтот, како што објави Цивил медиа, имаше грешка во преводот на придавката „Северна“, па наместо „North“ на сајтот на Секретаријатот осамна „Nort“.

Грешката бргу е поправена, па сега веќе новото име на англиски е напишано како што треба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...