Секој Иранец треба да издвои само по еден долар, па собраните 80 милиони долари ќе ги добие оној што ќе го убие американскиот претседател Доналд Трамп.
Ова денеска го порачал неименуван говорник на церемонијата за оддавање почест на убиениот ирански генерал Касем Сулејмани, а целиот негов говор без цензура го пренесе државната телевизија Канал еден.
– Ние сме 80 милиони Иранци. Ако секој од нас одвои по еден американски долар, ќе имаме 80 милиони американски долари, и со таа сума ќе го наградиме оној што ќе ни ја донесе главата на Трамп – рекол неименуваниот говорник пред огромната толпа во градот Машхад.