Секој жител на Македонија лани созадал по 379 килограми отпад

83

Во текот на минатата година во Македонија е собран комунален отпад од 635.875 тони, а количеството на вкупно создаден комунален отпад изнесува 786.881 тони, објави Државниот завод за статистика. Годишното количество, пак, на создаден комунален отпад по жител во 2017 година изнесува 379 килограми, што е за 1,3 отсто помалку од истото количество во 2016 година.

Споредено со 2016 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2017 година бележи зголемување од 4,2 отсто.

Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во скопскиот регион – 164.246 тони или 25,8 отсто од вкупното собрано количество во Република Македонија.

Од вкупното количество на собран комунален отпад, 527.700 тони или 83 проценти се собрани од домаќинствата, а останатите 17 проценти од правни и физички лица (комерцијален отпад).

Според видовите на отпад, најголемо количество на собран отпад е измешан комунален отпад, 554.280 тони или 87,2 отсто, а најмало количество отпад од гума, 1.007 тони или 0,2 отсто од вкупното количество собран комунален отпад.

Годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2017 година изнесува 379 кг по жител, што е за 1,3 отсто помалку од истото количество во 2016 година.

Најголемото количество на собран комунален отпад, односно 99,4 проценти се отстранува на депонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...