Ако го „изгуглате“ на Интернет неговото име, Фарук Незири, лесно ќе стигнете до безброј информации за неговата успешна гастрономска приказна, на различни јазици. Зашто врвниот готвач од Чегране е вистинска ѕвезда меѓу познавачите на гастрономијата и љубителите на добриот залак. А, и меѓу оние кои се најчувствителни во уметноста и естетиката кога е во прашање храната. Секое кулинарско дело на Незири е мала скулптура. Денес е сопственик на „Ла Перла Грац“, најдобриот ресторан во Грац, Австрија, а до сега има собрано куп престижни титули во гастрономскиот занает. На пат е уште една престижна вест, дека неговиот „Ла Перла Грац“ е меѓу најдобрите сто ресторани во Италија, иако ресторанот не е сместен во Италија (но, 60 отсто од производите кои се користат се со италијанско потекло).
Учел од најеминентните имиња од професионалната гастрономска фела. Еден од нив е и врвниот готвач, Франческо Антонио Асторино.
– Имам два пасоша, и македонски и италијански, но, за жал, секогаш ја претставував италијанската држава, затоа што никогаш не сум добил можност да ја претставам Македонија во светот. Изгледа дека немаше таков интерес за тоа. Во секој случај, таа е моја држава – вели Незири.
Разговорот со Незири прочитајте го тука.