Седум странски државјанки се приведени во кафеана во Горно Седларце

109

Полицијата ноќеска приведе странски државјанки кои во текот на ноќта биле затекнати во угостителски објект во село Горно Седларце, покрај автопатот Тетово-Гостивар.

Министерството за внатрешни работи информира дека ноќеска во периодот од 00.00 до 03.00 часот полициски службеници извршиле акциска контрола во угостителски објект во село Горно Седларце покрај автопатот Тетово-Гостивар.
При контролата во објектот биле затекнати 10 женски лица, од кои три од Република Македонија, шест од Република Албанија и едно од Косово. Странските државјанки биле приведени во полициската станица Тетово за понатамошна постапка. За настанот бил запознаен јавен обвинител.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...