Најмалку седум лица се убиени и десет ранети во пукање во затвор во Гватемала, соопшти полицијата.
Затворот се наоѓа на околу 17 километри источно од градот Гватемала.
Сите жртви се затвореници, а затворската управа најмалку осум часа во текот на вчерашниот ден немаше контрола над затворот.
Во тој затвор има 4.137 затвореници, иако објектот е граден за 900 затвореници.