Седум директори од ДУИ се очекува утре да бидат сменети, објави ТВ21, повикувајќи се на извори од партијата.
Смените треба да бидат образложени на утрешниот состанок во Владата.
Со овие потези почнува реконструкцијата на извршната власт во вториот и третиот ешалон, откако претходно беа сменети неколку министри.
Премиерот Зоран Заев, неодамна најави дека денеска на седница на Влада ќе биде ставена на дневен ред долгонајавуваната точка за смена на директори, но тоа не се најде на денешната агенда на седницата: