Овој месец, вкупно седум деца од Специјалниот завод Демир Капија ќе бидат преместени во мали групни домови во кои ќе им бидат обезбедени сите услови и услуги за успешен раст и развој. Првите корисници што ќе излезат во понеделник се селат во мал групен дом во Неготино.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, со дел од пратениците го посети Специјалниот завод Демир Капија, каде што реформите интензивно течат.
– Ова е првиот чекор кон градење похумано општество. Деинституционализацијата е премин од социјална грижа во големи „безлични“ институции кон грижа во заедницата. Со ова овозможуваме развој на социјални услуги по мерка на граѓаните и можност за активно учество на згрижените лица во животот во заедницата. Деинституционализацијата е процес што декларативно се спроведува веќе дваесетина години, но досегашните постигнувања беа скромни, се вели во денешното соопштение од Министерството за труд и социјална политика.
Министерството, се додава во соопштението, се заложи до 2020 година да нема ниту едно дете на возаст до три години во институциите и продолжува посветено да работи во таа насока.