Полицијата утрово кај село Прдејци открила седум мигранти и го уапсила криумчарот.
Патрола од Граничен премин Богородица околу 2.30 часот во Прдејци сопрела автомобил „сузуки свифт“ со велешки регистарски ознаки. Возилото било управувано од Р.М.(47) од Гевгелија, соопшти МВР.
При преглед во автомобилот биле пронајдени седум авганистански државјани на возраст од 18 до 38 години. Мигрантите и возачот се приведени за понатамошна постапка.