Седумнаесет годишно момче се бори за живот во прилепската болница

330

Во 9.15 часот вчера на крстосница од улиците „Филип Втори“ и „Гоце Делчев“ во селото Кривогаштани, прилепско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(59) од с.Кривогаштани и мотоцикл „Јујинг“ без регистарски ознаки, управуван од Ф.Н.(17) од с.Свето Митрани, прилепско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот Ф.Н. и бил пренесен во Градското болница во Прилеп.

Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...