Седумнаесетгодишно момче украло автобус и се повозило со него низ Белград

919

Седумнаесетгодишно момче успеало да украде автобус во Србија и со него да се повози низ Белград. Тоа успеало да го стори ова за време на протестот на таксистите низ главниот град на Србија, пренесуваат тамошните медиуми.

Наводно, возачите на автобуси брзо забележале дека еден автобус недостасува, па откако пријавиле во полиција, момчето веднаш било уапсено.

Како што некои медиуми тврдат, момчето му било добро познато на возачите, бидејќи „обожавало да се дружи и да разговара со нив“.

Има различни информации за тоа колку лица имало во автобусот за време на неговото „крадење“. Некаде се спомнува дека тој бил празен, а на други места пишува дека внатре имало неколку граѓани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...