Седуммина повредени при нагло запирање на автобус

351

При нагло запирање на автобус во Скопје, со повреди се здобиле шестмина патници и возачот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во СВР Скопје било пријавено дека во 14.55 часот на улицата Втора македонска бригада во Скопје, при нагло запирање на автобус „даф“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Ш.К.(45) од Скопје, со повреди се здобиле шест патници и возачот. Со тешки телесни повреди се здобил Џ.Д.(59) од Скопје и бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Со телесни повреди се здобил возачот и А.И.(60), Т.В.(24), Љ.Б.(21), Е.И.(20) и Ќ.М.(58), сите од Скопје, по што Ќ.М. била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, а останатите четири патници биле пренесени во
Комплексот клиники „Мајка Тереза“, за укажување на лекарска помош – велат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...