Седумдесет и шестгодишен пешак загина во Камењане, го удрил малолетник со „рено клио”

236

Седумдесет и шестгодишен пешак од тетовско Камењане загина откако бил удрен од автомобил управуван од малолетник.

-Сообраќајна несреќа е пријавена во 17 часот во СВР Тетово. Возило „рено клио” со тетовски таблици на регионалниот пат Тетово-Камењане управувал малолетник од Камењане и удрил во пешакот Ќ.О (76). Пешакот добил тешки телесни повреди, по што е пренесен е во клиничка болница Тетово каде дежурен лекар констатирал смрт, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Возачот е обезбеден во СВР Тетово. Увид извршиле полициски службеници на СВР Тетово во содејство со јавен обвинител.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...