Седумдесетгодишник во притвор, сексуално вознемирувал девојче

325

Секторот за внатрешни работи Охрид, до Основното јавно обвинителство Охрид, поднесе кривична пријава против Ф.Ш. (71) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.

 На 19.06.2018 година во 15 часот во Секторот за внатрешни работи Охрид, Р.А. (46) пријавила дека истиот ден околу 14 часот на улицата „Гоце Делчев“ нејзината 11 годишна внука била пресретната од пријавениот, кој почнал да ја влече и да ја бакнува.

Девојчето успеало да избега, при што го изгребало по лицето. По преземени мерки лицето било пронајдено и лишено од слобода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...