Седумдесетгодишен слон почина, бил теран да забавува туристи на Шри Ланка

197
ФОТО: Лек Чаилерт / Метро

Седумдесетгодишен слон кој бил теран да оди по улици на религиозен фестивал, почина. Приказната на слонот Тикири предизвика реакции од здруженија за заштита на животни насекаде во светот, откако фотографии како слонот паднал на земјата на Шри Ланка се појавија на интернет.

Тикири е еден од 60 слонови кои маршираа со денови за да забавуваат туристи и локалци и да може тие да се чувствуваат „благословени“.

Лицето кое се грижеше за Тикири, ја потврди информацијата за „Метро“.

Активист претходно објави фотографии од Тикири и праша зошто нозете на слонот се врзани.

– Таа е болна. Таа е стара. Таа е слаба. Зошто нозете треба да се врзани? Сигурно заслужува подобро. Дали се плаши поради години злоставување? – прашува активистот.

ФОТО: Лек Чаилерт / Метро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...